„ЦРНО-БЕЛИТЕ" ОД ТОРИНО СЕ ОСИГУРАА

ДОГОВОР НА КАРИЕРАТА: Пјаниќ добива шест милиони евра од Јувентус

Во последно време многу се зборуваше за тоа дека Миралем Пјаниќ ќе си замине од Торино, и дека ќе оди во некој од исто така големите европски клубови.

објавено: 13 јуни 2018 - 09:40

Босанскиот репрезентативец беше поврзуван со Манчестер Сити, Барселона, иако некако најмногу „загриза" Реал Мадрид каде во Пјаниќ гледаа(т) замена за Лука Модриќ во средниот ред.
Така барем пишуваа медиумите блиски до Реал, како на пример „Марка"...
Сепак, од сето тоа најверојанто нема да има ништо. Пјаниќ се чини дека останува во Торино, а Јувентус му понудил далеку подобар договор од постоечкиот. Досега барем, италијанскито првак го плаќаше Пјаниќ околу четири милиони евра по сезона, а сега таа цифра ќе порасне за 50% односно на шест милиони.
Сегашниот договор го врзува со Јуве до 2021, а ако потпише нов, како што се најавува, ќе трае до јуни, 2023 година.

Најново во Меѓународен Фудбал