ИТАЛИЈАНЕЦОТ СЕ ВРАЌА ДОМА

Дармијан е нов играч на Јувентус

Италијанскиот репрезентативец на 19 мај се простува од Манчестер јунајтед и се враќа дома, но ќе потпише за Јувентус

објавено: 1 мај 2018 - 15:50

Фудбалерот кој може да игра и како десен и како лев бек Матео Дармијан ги брои последните денови во Манчестер јунајтед. Некогашниот играч на Милан, Падова, Палермо и Торино ќе го одигра последниот меч за „Црвените ѓаволи" на 19 мај и тоа во финалето на ФА Купот против Челси и веќе наредниот ден ќе дојде во Торино да го потпише договорот со Јувентус.
Со оглед на тоа дека Дармијан има договор со Јунајтед до наредното лето, јасно е дека „Старата дама" ќе плати симболично обештетување.
Дармијан прејде во Манчестер јунајтед летото 2015 година од редовите на Торино за 18 милиони евра. Оваа сезона е во втор план кај Жозе Мурињо, а одигра само шест натпревари во Премиер лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал