ФИОРЕНТИНА СОВЛАДАНА НА „ЏУЗЕПЕ МЕАЦА“

Д'Амбросио му донесе победа на Интер (ВИДЕО)

Интер ја запиша третата победа во Серија А, на „Џузепе Меаца" ја совлада Фиорентина со 2-1. 

објавено: 25 септември 2018 - 23:14

Интер ја забележа третата победа во Серија А, откако на „Џузепе Меаца" ја совлада Фиорентина со 2-1 во првиот меч од шестото коло.

На првиот погодок во Милано се чекаше се до 45. минута, Мауро Икарди од пенал донесе водство од 1-0. За кратко време следеше изедначување, Шкрињар постигна автогол. Во финишот на мечот, поточно во 78. минута Д'Амбросио се погрижи Интер да дојде до третиот триумф сезонава. 

По оваа победа, Интер е на петата позиција на табелата со десет бода, исто колку што има Фиорентина.

Најново во Меѓународен Фудбал