ИМАМЕ НОВ МАЈСТОР ЗА СЛОБОДНИ УДАРИ

Да не се грижи Милан: Династијата „Малдини“ продолжува...! (ВИДЕО)

Презимето Малдини на дресот на Милан буди спомни на некои поубави времиња на „Сан Сиро", а по се изгледа можно е „династијата" да продолжи...

објавено: 13 декември 2018 - 14:30

Синот на легендарниот Паоло Малдини, Даниеле постигна еден фантастичен погодок од слободен удар за јуниорската екипа на Милан.

Младиот напаѓач Даниеле Малдини би можел наскоро да биде повикан и меѓу најдобрите „росонери" и зошто да не, бидеме сведоци на една нова италијанска фудбалска легенда. Неговиот татко и дедо како дефанзивци своевремено го подигнуваа трофејот во Лигата на шампионите/Европскиот куп.

Во продолжение на видеото можете да го погледнете прекрасниот гол на 17-годишниот член на Милан („Примавера") на дуелот против Каљари. Да додадеме уште дека Даниеле има и постар брат, 22-годишниот Кристиан кој пак моментно е на позајмица во Про Пјаченца.

Најново во Меѓународен Фудбал