ПОРАНЕШНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ СЕЛЕКТОР ИМА СРЕБРО ОД ЕУРО 2012

Чезаре Прандели ќе ги води Џенова и Пандев!

Како што и претходно се најавуваше, тоа денеска и се потврди, поранешниот италијански селектор е наследникот на хрватскиот тренер Иван Јуриќ.

објавено: 7 декември 2018 - 13:55

Чезаре Прандели е новиот тренер на Џенова во чии редови е македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Своевремено беше селектор на „аѕурите" со кои успеа да стигне до големото финале на Европското првенство во 2012. година. Прандели веќе еднаш му бил тренер на нашиот фудбалер и тоа во турскиот клуб Галатасарај.

На клупски план ги водеше уште екипите на Аталанта (младинци), Лече, Верона, Венеција, Парма, Рома, Фиорентина, Валенсија и Ал-Наср.

Оваа промена на тренерската клупа доаѓа после срамната елиминација во четвртокот во рамките од Купот на Италија од третолигашот Ентела после изведувањето на пеналите.

Џенова после 14. кола во најсилниот италијански шампионат е на 14. позиција со 15 бодови, а во следното коло ќе игра против СПАЛ в недела на домашен терен.

Најново во Меѓународен Фудбал