Италијанскиот третолигаш има нов тренер

Броки е нов тренер во новиот клуб на Берлускони

Поранешниот тренер на Милан повторно во клуб под водство на Берлускони.

објавено: 23 октомври 2018 - 21:15

Поранешниот играч од средниот ред и тренер на екипата на Милан, Кристијан Броки, е нов тренер на италијанскиот третолигаш Монца. Броки е личен ангажман на новите сопственици на тимот, Силвио Берлускони и Адријано Галијани.

Монца од оваа сезона е со нов сопственик и тоа во името на долгогодишниот прв човек на Милан, Берлускони, кој не издржа долго време надвор од фудбалот. Броки кој пред извесен период беше на кормилото на „росонерите“ е во одлични односи со Берлускони и воопшто не му беше проблем да ја прифати понудата и да почне да работи во третолигашот.

Броки ќе го замени Марко Зафарони, кој беше отпуштен. Монца по 8 кола во Серија Ц е на 10. место.

Најново во Меѓународен Фудбал