ПОСЛЕДЕН КЛУБ КОЈ ГО ВОДЕШЕ ИТАЛИЈАНСКИОТ СТРАТЕГ БЕШЕ ЧЕЛЗИ

Антонио Конте пред враќање во Серија А!?

Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте, може многу брзо да се врати во Серија А, објавија медиумите во Италија.

објавено: 25 септември 2018 - 21:00

49-годишниот италијански стратег ќе разгледува две понуди кои доаѓаат од неговата земја. За потписот на Конте се борат екипите на Рома и Милан.

После пет одиграни кола во Серија А, римската „волчица" е дури на 14-то место, а нешто слична е ситуацијата и со Милан кој е на 13-та позиција.

Последен клуб во периодот од 2016-2018 година му беше Челзи, а претходно две години беше и селектор на италијанската репрезентација.

На клупски план ги водеше уште Арецо, Бари, Аталанта, Сиена и Јувентус. Како тренер со „Старата дама" трипати ја освои Серија А, двапати италијанскиот Суперкуп, а како менаџер на лондонските „сини" имаше по еден трофеј во Премиерлигата и ФА Купот.

Најново во Меѓународен Фудбал