За него беа заинтересирани во Манчестер јунајтед, и ПСЖ, но се поизвесно станува дека Алекс Сандро и понатаму ќе биде дел од шампионскиот мозаик на торински Јувентус.
Како што е потврдено од редовите на италијанскиот првак, Алекс Сандро и клубот во наредните денови ќе потпишат нов договор. Со потписот на новата договорна обврска, бразилскиот бек ќе се обврзе да остане во Торино до 2023 година, а за тоа ќе добие двојно поголема плата од досегашната, односно околу пет милиони евра на годишно ниво.
Понудите кои стигнуваа од Франција и од Англија беа подобри од оваа понудената од страна на „црно-белите“, но проблем претставуваше бараната отштета. За Сандро Јуве побара 60.милиони евра.