РУСКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИЛА ДОЈАВА

Хрватски хулигани ќе го прекинат дуелот против Аргентина!?

Пред влезот на стадионот сите навивачи биле детално претресувани

објавено: 21 јуни 2018 - 19:41

Хрватските медиуми пренесуваат дека дуелот меѓу нивната репрезентација и селекцијата на Аргентина може да не го дочека крајот. Според најавите, руската полиција се плаши дека хрватски хулигани ќе бидат присутни на стадионот во Нижни Новгород и ќе направат инцидент. 

Пишувањата се дека пред и во стадионот има дополнително полициско одезбедување кое не е карактеристично за останатите мечеви од Мундијалот. Не може да се внесе никаква храна, а од вода дозволено е само шишенце од 100 милилитри. 

Мечот почнува од 20 часот и е дерби во кое Хрватска со евентуална победа ќе си обезбеди место во нокаут фазата, а Аргентина е под притисок дека мора да ги освои сите три бода. 

Најново во Меѓународен Фудбал