КАКОВ МЕЧ ЗА „ЛАЛИЊАТА“

Холанѓаните од работ на амбисот до врвот (видео)

Холандскиот национален тим губеше со 2:0 во Гелзенкирхен до 85 минута, а потоа дадоа два гола кои ги однесе во следната фаза на Лигата на нациите елиминирајќи ја Франција

објавено: 19 ноември 2018 - 22:46

Каков финиш на Холандија. Момците на Роналд Куман беа фантастични во завршните моменти од средбата од последното коло од групата 1 во Лигата на нациите и го обезбедија првото место на табелата и пласман на фајнал форот идната година.

Германците претходното коло ги загубија шансите за пласман во полуфиналето, поточно се знаеше дека ќе паднат во Б дивизијата, па им остана само со победа над Холандија да ја завршат резултатски очајната година за нив.
Но и тоа не успеаја да го направат. Беа блиску до триумф, но се посрамотија во финишот. Вечерва во Гелзенкирхен одиграа 2:2 со „Лалиња" иако до 85 минута водеа со 2:0.

„Панцерите" поведоа со прекрасниот погодок на Тимо Вернер во 9 минута. Играчот на Лајпциг прими една долга топка и со волеј удар од далечина го совлада холандскиот голман. Во 20 минута Сане доби топка во длабочина, успеа да ги измами дефанзивците на Холандија и со шут по земја го совлада Силесен.
Фантастичен погодок даде Квинси Промес. Играчот на Холандија со шут од далечина го совлада Нојер, а во 90 минута нафрлена топка од десната страна, а Ван Дајк ја смести топката во германската мрежа.
Холандија се израмни бодовно со Французите, но „Лалињата" се победници на групата поради подобриот скор со светските шампиони. Германците се последни со два бода.
Од оваа А лига пласман на фајнал форот изборија Холандија, Швајцарија, Португалија и Англија. Мини турнирот ќе се игра во Португалија во јуни идната година.

РЕЗУЛТАТИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ
ЛИГА А
ГЕРМАНИЈА - ХОЛАНДИЈА 2:2
ЛИГА Б
ЧЕШКА - СЛОВАЧКА 1:0
ДАНСКА - ИРСКА 0:0
ЛИГА Ц
БУГАРИЈА - СЛОВЕНИЈА 1:1
КИПАР - НОРВЕШКА 0:2
ЛИГА Д
АНДОРА - ЛЕТОНИЈА 0:0
ГРУЗИЈА - КАЗАХСТАН 2:1
ЛИХТЕНШТАЈН - ЕРМЕНИЈА 2:2
МАКЕДОНИЈА - ГИБРАЛТАР 4:0

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал