ДАЛИ И КАЈ НАС ТАКА?

Холандските гиганти со здружени сили за помош на Ередивизијата

Трите најголеми холандски клубови Ајакс, ПСВ и Феенорд се во центарот на вниманието откако се сложија во едно нешто

објавено: 10 октомври 2018 - 20:00

Челниците на овие три клуба предложија да се откажат од дел од заработувачката од настапите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа и истите да бидат наменети за помош на првата холандска лига - Ередивизијата.

Во превод овие клубови дадат 10 отсто од парите што ќе ги заработат од европските купови оваа сезона за подобрување на инфраструктурата на лигата со тенденција лигата да добие на квалитет со тоа што ќе се смали бројот на клубови.

Трите клуба јавно порачаа дека не сакаат да играат на стадиони со вештачка трева, па затоа и ќе инвестираат во реновирање на терените во најсилната холандска лига. Се очекува на сметката на Сојузот да се слеат 10 милиони евра од клубовите.

Во последните години холандската лига е многу слаба, а клубовите едвај успеваат да се пласиераат во групите на Лига Европа, а не пак да бидат дел од европската елита. Оваа сезона по подолго време ПСВ и Ајакс излегоа во ЛШ, а Феенорд се натпреварува во ЛЕ.

Другите клубови се надеваат по некое чудо и толку. На АЗ, Гронинген, Херенвен, Витесе им опадна квалитетот, поранешниот шампион Твенте поради финансиски проблеми падна во Втората лига.

Најново во Меѓународен Фудбал