Играчите на Реал доминираат во тимот на сезоната на УЕФА, но

Хероите од финалето во ЛШ ги нема во составот

Од вкупно 18 фудбалери, дури осум се од редовите на старо-новиот европски владетел

објавено: 27 мај 2018 - 22:20

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави списокот од 18 фудбалери кои се во идеалниот тим за сезона 2017/18 во Лигата на шампиони. Интересно е што Герет Бејл и Карим Бензема кои ги постигнаа погодоците за Реал во финалето против Ливерпул, не се во составот меѓу најдобрите. 

Од европскиот првак има место за Навас, Рамос, Варан, Марсело, Каземиро, Модриќ, Крос и Роналдо. Од редовите на финалистот Ливерпул, меѓу најдобрите се Ван Дајк, Фирмино и Салах. 

Ова е тимот на УЕФА за сезона 2017/18

Најново во Меѓународен Фудбал