ОЧАЈНИЧКИ САКА ДА МУ ГО „УКРАДЕ“ ГОЛОТ НА НЕГОВИОТ СОИГРАЧ

Хари Кејн: Се колнам во ќерка ми дека јас го дадов голот!

Напаѓачот на Тотенхем вели дека погодокот на Ериксен треба да му биде препишан на негова сметка

објавено: 9 април 2018 - 20:00

Со победата над Стоук, Тотенхем речиси сигурно си го обезбеди местото во Лигата на шампионите за следната сезона. Сепак, наместо да се радуваат на шестата победа по ред во првенството, во Тотенхем владее „војна“ за тоа кој го дал победничкиот гол. 

Погодокот за 2:1 службено е запишан зад името на Кристијан Ериксен, но најдобриот играч на Тотенхем Хари Кејн тврди дека тој го постигнал тој гол. Во 63 минута, Ериксен нафрли во шеснаесетникот на Стоук, топката „бегаше“ од играчите, но и од голманот и на крајот заврши во мрежата. Во тие моменти Кејн „ја нападна“ топката и откако таа заврши во мрежата, започна да се радува.

По мечот, двацата играчи се искарале во соблекувалната, но на крајот Ериксен попуштил. 

„Ако Хари ја допрел топката, тогаш тоа е негов гол. Начинот на кој славеше покажува дека дека тој ја допрел топката“, рече Ериксен. 

Зошто Кејн толку многу инсистира тоа да биде негов погодок. Голгетерот на Тотенхем е во трка за најдобар стрелец во Премиерлигата. Тој досега има 24 погодоци, додека Мохамед Салах од Ливерпул е лидер со 29 голови. 

„Се колнам во животот на ќерка ми дека ја допрев топката, но не можам да направам ништо доколку не го препишат голот на моја сметка. Ако сакаат да ја променат одлуката и да го прифатат мојот збор тогаш е во ред“, рече Кејн. 

„Спорниот“ погодок може да го погледнете на снимката на 6,35 минута. 

Најново во Меѓународен Фудбал