ДОДЕКА ИМ СЕ УКАЖУВА ЛЕКАРСКА ПОМОШ НА ГОСТИТЕ

ХАОС НА МОНУМЕНТАЛ: КОМНЕБОЛ бара мечот да се одигра!

Играчите од средниот ред, Пабло Перез и Гонзало Ламардо се пренесени во болница, неко играчи пак имаат сериозни проблеми со дишењето поради солзавецот кој го проголтале.

објавено: 24 ноември 2018 - 21:17

Тука сме...
Пред нас е мечот на векот. Суперкласико помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, после кое нема веќе да биде ништо исто. Некој ќе живее како вечен победник, некој до крајот на својот живот ќе го носи крстот на поразот.
Раководството на Бока Јуниорс бара мечот да биде одложен...
Но, најновата вест од Буенос Аирес вели дека КОМНЕБОЛ инсистира мечот да се одигра по паузата од еден час. Но на играчите на Бока Јуниорс и понатаму им се укажува лекарска помош. Играчите од средниот ред, Пабло Перез и Гонзало Ламардо се пренесени во болница, неко играчи пак имаат сериозни проблеми со дишењето поради солзавецот кој го проголтале.
Навивачите пак на Ривер Плата, велат дека нападот на автобусот на Бока Јуниорс бил исцениран. Дека намерно бил усмерен низ населено место во кое нивниот клуб има голема подршка.
Имено, наместо колоната да се движи по автопатот и низ населбата Лугонес, во која нема турканици, и се стигнува побрзо до стадионот Монументал, челниците на Бока наводно, намерно ја избрале оваа рута низ добро населената улица Либеретадор во која се случи нападот...

Најново во Меѓународен Фудбал