ВО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ИЗБОР НА „ФРАНС ФУДБАЛ“

Готово: Ги имаме сите 30 кандидати за „Златната топка“!

Имаме дури четири голмани во игра за престижната награда, „Франс фудбал" во стилот од минатата сезона започна да ги објавува имињата на кандидатите за „Златната топка" во 2018. година. Конечниот победник во трката за најдобар фудбалер на светот ќе биде официјално познат во декември.

објавено: 9 октомври 2018 - 08:00

На секои два часа беа објавувани по пет имиња, а во вечерните часови ја добивме конечната листа од 30. играчи кои се во конкуреција за титулата најдобар на планетата.

Списокот од 30 кандидати го избра редакцијата на „Франс фудбал", а потоа за пет финалисти гласа по еден новинар од 176 земји ширум светот. Тие гласаат за петмина играчи каде што првиот добива шест поени, вториот четири, третиот три, четвртиот два и петтиот еден поен.

На списокот финалисти се наоѓаат: Минатогодишниот победник Кристијано Роналдо, потоа Серхио Агуеро, Тибо Курто, Алисон Бекер, Карим Бензема, Герет Бејл, Кевин де Брујн, Диего Годин, Единсон Кавани, Роберто Фирмино, Нголо Канте, Антоан Гризман, Иско, Еден Азар, Хари Кејн, Уго Љорис, Марио Манџукиќ, Садио Мане, Марсело, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Нејмар, Јан Облак, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Серхио Рамос, Мохамед Салах, Луис Суарез и Рафаел Варан.

Најново во Меѓународен Фудбал