МАЛЕР ДО МАЛЕР ЗА НИКОЛА КАЛИНИЌ

Го избркаа од Мундијалот, остана без медал, а сега му пропадна и трансферот

Хрватскиот фудбалер многу веројатно дека ќе си остане на „Сан Сиро“

објавено: 22 јули 2018 - 21:20

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ е малерот на ова лето. Тоа е играчот кој беше избркан од репрезентацијата на „коцкестите“, откако одби да влезе во игра на дуелот против Нигерија. Поради нарушување на тимскиот дух, Калиниќ беше избркан од составот кој подоцна стигна до сребрениот медал на Мундијалот во Русија. 

Сите хрватски репрезентативци беа согласни дека Калиниќ треба да добие медал, бидејќи неговото име беше меѓу 23-те пријавени за Светското првенство. Сепак, Калиниќ реши да го одбие медалот потенцирајќи дека тој не бил дел од СП во Русија и немал никаков удел во освојување на тој медал. 

По лошата епизода на Мундијалот во Русија, Калиниќ доживеа разочарување и на клупски план. се најавуваше дека летово ќе направи трансфер во Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ беа подготвени да го доведат Калиниќ, но сепак на крајот многу веројатно е дека нема да има трансфер. 

Атлетико се фокусираше на Оливие Жиру од Челзи, додека Калиниќ многу веројатно ќе остане без трансфер и во новата сезона ќе продолжи да го носи дресот на Милан. 

Најново во Меѓународен Фудбал