ЛАНИ ИМАА ФАНТАСТИЧНИ ИГРИ

Ги елиминираа Борусија Дортмунд и Лацио, наскоро доаѓаат во Скопје!

Во пролетта тие ги елиминираа европските фудбалски гиганти Лацио и Борусија Дортмунд, а според најавите нивното доаѓање во главниот град е најавено за во вторник.

објавено: 11 август 2018 - 10:00

Шкендија од Тетово има уште едно успешно европско лето, можно е да се случи оваа година по втор пат во фудбалската историја на нашата земја да имаме учесник во групна фаза на УЕФА натпреварување.

Македонскиот шампион предводен од тренерот Ќатип Османи во првите две квалификациски кола од Лигата на шампионите ги елиминира ТНС од Велс и молдавскиот Шериф, во изминатиот период во првиот меч од третото претколо загуби со 3:0 во Австрија од Салцбург пред реваншот на 14. август во Скопје (20:15 ч.)

Доколку не успее да ја анулира негативата ќе продолжи во плеј-офот на Лига Европа како последна пречка за влез во групите во ова натпреварување, а најверојатно нашиот претставник ќе налета на норвешкиот Розенборг. Но, секако останува да видиме што ќе се случи на реваншот против Австријците во ЛШ.

Наскоро доаѓа ново големо фудбалско име во Македонија, станува збор за ланскиот полуфиналист во Лига Европа. Шкендија и претходно се соочувала со реномињани имиња, како Милан и Гент, но сега за ривали ги има популарните „бикови".

Лига Европа, сезона 2017/2018

Група И, резултати:

Виторија Гимараеш-Салцбург 1:1
Салцбург-Марсеј 1:0
Коњаспор-Салцбург 0:2
Салцбург-Коњаспор 0:0
Салцбург-Виторија Гимараеш 3:0
Марсеј-Салцбург 0:0

Конечна табела: Салцбург 12 бодови, Марсеј 8, Коњаспор 6, Виторија Гимараеш 5.

1/16 финале
Реал Сосиедад - Салцбург 2:2
Салцбург - Реал Сосиедад 2:1

Осминафинале
Борусија Дортмунд - Салцбург 1:2
Салцбург - Борусија Дортмунд 0:0

Четвртфинале
Лацио - Салцбург 4:2
Салцбург - Лацио 4:1

Полуфинале
Марсеј-Салцбург 2:0
Салцбург-Марсеј 2:1 (по продолженија)

Најново во Меѓународен Фудбал