КИКС НА ГЕРМАНСКИОТ ШАМПИОН ВО 5. КОЛО ОД БУНДЕСЛИГАТА

СЕНЗАЦИЈА ВО МИНХЕН: Геце ја замолкна „Алијанц“ Арената! (ВИДЕО)

Четири натпревари беа денеска на програмата од новата рунда во најсилниот германски шампионат, големо изненадување приреди тимот на Аугсбург кој ремизираше со Баерн Минхен (1:1).

објавено: 25 септември 2018 - 22:55

Баварците ја имаа фаворитската улога вечерва на „Алијанц" Арената, но истата не ја оправдаа. Иако поведоа во 48. минута преку ветеранот Аријен Робен (48.) после асистенцијата на Гнабри, следуваше разочарување кај домашните навивачи.

Замената која гостинскиот тренер ја направи во 61. минута се покажа како клучна. Оттогаш во игра го уфрли Феликс Геце кој во 87. минута од играта реализираше гол и го постави конечниот епилог на овој меч.

На останатите три дуели беа постигнати следните резултати: Вердер Бремен-Херта Берлин 3:1, Фрајбург-Шалке 1:0 и Хановер-Хофенхајм 1:3.

Најново во Меѓународен Фудбал