Баерн со силна поддршка за тренерот

Румениге: Ковач е човек кој се бори и кој му е потребен на Баерн

Легендата на германскиот фудбал се изрази позитивно за работата и квалитетите на младиот хрватски стратег по победата со 5:1 над Бенфика во новото коло од Лигата на шампионите.

објавено: 30 ноември 2018 - 18:15

Првиот тренер на екипата на Баерн Минхен, Нико Ковач, доби силна поддршка од директорот на клубот, Карл-Хајнц Румениге. Легендата на германскиот фудбал се изрази позитивно за работата и квалитетите на младиот хрватски стратег по победата со 5:1 над Бенфика во новото коло од Лигата на шампионите.

„Гледам тренер кој е подготвен да се бори и да прави промени. А тој е човек кој сака да успее и да напредува. Желбата на сите во клубот е Нико Ковач да работи долго време со нас", рече Румениге за германските весници.

Ковач е под сериозен притисок во последниве недели по очајните настапи во Бундеслигата, каде Баерн е само петти на табелата. Меѓу неговите најсериозни критичари е претседателот на клубот Ули Хенес, кој беше многу разочаран по последните 3:3 со Фортуна Дизелдорф.

Најново во Меѓународен Фудбал