НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА НИКО КОВАЧ

Рибери лут го напуштил тренингот на Баерн Минхен

Французинот предвреме си заминал од тренингот, но не била причината повреда, туку тоа што фудбалерот се налутил

објавено: 9 февруари 2019 - 16:30

Пред денешниот натпревар против Шалке, нови проблеми за Баерн Минхен. Една од „ѕвездите“ на „Баварците“ Франк Рибери, го напуштил последниот тренинг пред истиот да заврши, пишува „Билд“. 

Весникот наведува дека не станува збор за никаква повреда, туку дека фудбалерот во еден момент ги соблекол ракавиците, ги фрлил и се упатил кон соблекувалната. 

Нико Ковач сега има уште еден проблем во својот тим. Се изгледаше добро до почетокот на сезоната. „Баварците“ имаа седум победи во низа, а потоа беа совладани од Баер Леверкузен. Во моментов Борусија Дортмунд има седум бодови предност пред својот ривал. 

Најново во Меѓународен Фудбал