БАЕРН НЕМА ДА ГО ОТКУПИ НЕГОВИОТ ДОГОВОР

Реал ќе биде само станица, Хамес се сели во Италија

Хамес Родригез во моментов е надвор од стројот поради повреда на лигаментите на коленото. Кон средината на декември треба да се врати на теренот, но за кратко време може да го напушти Баерн Минхен.

објавено: 24 ноември 2018 - 11:30

Според германските медиуми Баерн Минхен ќе му дозволи на 27-годишниот фудбалер порано да се врати во својот матичен клуб, Реал Мадрид. Родригез веќе втора година игра како позајмен играч во таборот на Баварците, кои за него издвоија 13 милиони евра. Челниците на клубот имаат опција да го откупат неговиот договор вреден 42 милиони евра, но тоа нема да се случи.

Баерн одлучил да ја активира калузулата во договоро, според која Родригез може да се врати во Реал многу порано.

Сепак „кралскиот“ тим нема да биде последната станица на Колумбиецот, во целата приказна се вклучи Јувентис, кој е подготвен да искешира 42 милиони евра.

Хамес во досегашниот дел од сезоната постигна два гола во 11 одиграни натпревари.

 

Најново во Меѓународен Фудбал