Баварците повторно „крадат“ фудбалер од Дортмунд

Баерн ќе и го земе најдобриот младинец на Борусија (Д)

„Милионерите“ се уште го немаат продолжено договорот со капитенот на младинскиот тим Рашл, кој веќе преговара со баварците.

објавено: 31 јануари 2019 - 08:00

Баерн Минхен подготвува уште еден удар за својот лут ривал Борусија (Д). Како што објавија германските весници, лидерот во Бундеслигата може да остане без својот најталентиран млад фудбалер, 18-годишниот Тобиас Рашл, кој е капитен на младинскиот тим на „милионерите“.

Според најпопуларниот германски весник „БИЛД“, голем број тимови се заинтересирани за 18-годишниот играч за врска, но Баерн (М) веќе преку свои луѓе успеал да го убеди таткото на младиот фудбалер да потпишат договор со нив.

Ѕвездите на Борусија Дортмунд немаат забрана за трансфер во Баерн, па оттука нема да биде изненадување ако уште еден фудбалер од тимот замине на „Алијанц Арена“. Договорот на дефанзивниот играч за врска со "жолто-црните" истекува на крајот од сезоната.

Спортскиот директор на Борусија (Д), Михаел Цорк, имал неколку разговори со младиот фудбалер, но одлуката за нов договор не е постигната.

Најново во Меѓународен Фудбал