НИКОЈ НЕ САКА ВО МИЛАН

„Росонерите“ на маки: По Ибра, Пато, Муриел, сега ги откачи и Фабрегас!

Некогаш беше тешко да се дојде до првиот тим на Милан, а сега никој не сака да го носи дресот на „Росонерите"

објавено: 2 јануари 2019 - 17:00

Се чини дека ова нема да биде добар преоден рок за Милан. Имено, по Ибрахимовиќ кој останува во Америка, Алесандро Пато кој рече дека нема да се враќа на „Сан Сиро", на Милан му пропаднаа уште два трансфери. Луис Муриел кој ја напушти Севиља прејде во Фиорентина, а сега ќе им пропадне и трансферот на Сеск Фабрегас.

На Шпанецот му истекува договорот со Челси во јуни, а се шпекулираше дека уште во јануари ќе го напушти „Стемфорд Бриџ" и ќе прејде во Милан, меѓутоа тој одбра да игра за Монако. Имено Фабрегас и тренерот на францускиот клуб Тиери Анри се добри пријатели, заедно играа четири години, а „Кнезовите" за разлика од Италијанците немаат проблем со финансискиот фер-плеј.

Монако на Фабрегас му понудил договор до 2021 година плус 10 милиони евра бонус затоа што потпишува како слободен играч.

Милан сега пробува да се „утеши" со аргентинскиот интернационалец Родриго Де Пол од Удинезе, а ако не успее и со него ќе проба и со Маноло Габијадини од Саутемптон.

Најново во Меѓународен Фудбал