ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА НАПЛАТА

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА ТРАНСФЕР НА КАРИЕРАТА: Со 20 милиони го урна рекордот на кариерата!

Аргентинскиот напаѓач ја круниса најдобрата полусезона во досегашната кариера...

објавено: 16 јануари 2019 - 18:30

После најдобрата полусезона во кариерата, стигна и рекордот на кариерата!

Екипата на Кардиф е блиску до конечен договор околу купување на напаѓачот на нант, Емилијано Сала.
Како што пишува „Скај спорт", висината на отштетата за овој трансфер ќе биде 20.милиони евра, што ќе претставува рекорд за клубот од Велс.
На Кардиф и на менаџерот Нил Ворнок очајнички им е потребен голгетер, а 28.годишниот напаѓач постигна 12.голови на 18.настапи во Лига 1 оваа сезона.

Во Франција овој одличен напаѓач дојде уште како тинејџер, и потпиша за екипата на Бордо. Таму не ги искористи своите пет минути, па во неколку наврати беше позајмуван во клубови како Орлеан, Ниор и Каен.
Во Нант дојде во 2015 година, за отштета од околу еден милион евра. а по 12 голови постигнуваше и во претходните две сезони. Ништо не наговестуваше дека следува една ваква негова „експлозија" во новата сезона, што Нант ете успева да го наплати повеќекратно.
Сала е висок 187 сантиметри, но покрај одличната скок-игра го одликува и одлична ножна техника и чувство за игра. Останува да се види како ќе се снајде во натпреварите од Премиер лигата, и во тимот на кој очајнички му требаат бодови во трката за опстанок во елитниот ранг.

Најново во Меѓународен Фудбал