НЕМА ДОВОЛНО СИЛИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ДА СЕ ГАРАНТИРА БЕЗБЕДНОСТА

НЕМА ДОВОЛНО ПОЛИЦИЈА: Четири меча во Франција одложени поради „жолтите елеци“!

Француските власти одложуваат натпревари поради најавите демонстрации на „жолтите елеци" ширум земјата, а помеѓу тие мечеви е и дербито меѓу екипите на ПСЖ и Монпеље.

објавено: 6 декември 2018 - 14:54

Освен споменатиот меч, на барање на локалната полиција од истите причини одложени се уште три средби од 17. коло во најсилната француска фудбалска Лига 1: Монако-Ница, Тулуз-Лион и Ст. Етјен-Марсеј.

Постои и можноста да се одложи комплетното 17. коло кое е закажано престојниот викенд.

Значи, натпреварите се одложуваат, бидејќи полицијата стравува дека овој викенд немаат да имаат доволни сили на располагање со цел да се гарантира безбедноста на навивачите на стадионите.

Најново во Меѓународен Фудбал