ГВАРДИОЛА ЈА ФРЛА „БОМБАТА"

Манчестер Сити дава 120 милиони евра и Габриел Жесус за Нејмар!

Вистинско лудило...

објавено: 17 јануари 2019 - 21:45

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардила е подготвен да даде една неверојатна понуда до раководството на ПСЖ. Во неа се вклучени неверојатни 120.милиони евра плус и услугите на бразилскиот напаѓач Габриел Жесус за трансфер на еден од најдобрите фудбалери на светот – Нејмар, пренесува шпанскиот „Дон Балон".

Гвардиола сака да го направи Бразилецот најдобро платен фудбалер на денешнината, но јасно е дека нема да му биде лесно да го оствари трансферот, затоа што парижаните немаат намера да се одрекнат така лесно од него.
Покрај тоа, Нејмар се доведува и во врска и враќање во Шпанија, во својот поранешен клуб, Барселона, или пак Реал Мадрид. А неодамна и самиот призна дека со такви великани е тешко да се влезе во трка.
Сепак, и Пеп нема да се откаже така лесно, и затоа има намера во спротивната насока да го испрати сонародникот на Нејмар, талентираниот напаѓач Габриел Жесус.
Во летото 2017 година, Нејмар потпиша договор со ПСЖ во трансфер вреден 222.милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал