КОЈ И ДА ПОБЕДИ ЌЕ БИДЕ ПОВЕЌЕ ОД ЗАСЛУЖЕНО

ФИФА ги номинираше тројцата кандидати за најдобар тренер

На листата на ФИФА за најдобар тренер за 2018 година се најде и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

 

објавено: 3 септември 2018 - 15:37

На листата на ФИФА за најдобар тренер за 2018 година се најде и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ. Предводникот на „коцкестите“ сосема заслужено е меѓу потенцијалните кандидати, тој со својата земја го освои сребрениот медал на Светското првенство во Русија.

Покрај него за признанието најдобар тренер „ќе се бори“ и Зинедин Зидан, кој со Реал Мадрид освои три титули по ред во Лигата на шампионите. Секако на оваа листа е селекторот на Франција, Дидие Дешамп, кој со своите момци го освои Мундијалот.

На крајот кој и да биде победникот, дефинитивно ќе биде повеќе од заслужено.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал