БОД ИМ ТРЕБА ЗА ПЛАСМАН ВО ЗАВРШНАТА ФАЗА ОД ЛИГА НА НАЦИИ

Фернандо Сантош: Португалија нема да се брани на „Сан Сиро“!

Португалскиот селектор Фернандо Сантош вели дека неговите играчи нема да ја бараат шансата од контра-напади на натпреварот в сабота против Италија.

објавено: 17 ноември 2018 - 16:30

Португалците ќе се квалификуваат понатаму и со нерешено, додека Италија мора да победи за да има шанса во трката за врвот во групата, а потоа и Полска мора да „игра“ за аѕурите.

И покрај фактот што на неговата селекција и со бод може да си го гарантира своето место во завршната фаза од Лигата на нации, Сантош нема да се задоволи со реми.

„Нашиот фокус е на Италија, не размислуваме за други натпревари. Сè што направивме беше фокусирано на натпреварот во Италија. Ова се две силни тимови со одличен квалитет. Во текот на изминатите два месеци тие го сменија својот стил на игра, постојано се развиваат и ова нема да биде тимот што го видовме во Лисабон. Тие имаат различни карактеристики, и мислам дека ќе играат само тројца од оние што играа во Лисабон", рече Сантош.

Вели дека Донарума, Жоежињо и Киеза играа на Да Луж, но очекува сега нивниот пристап да биде поинаков и се анализирани.

„Размислуваме за она што треба да го направиме, иако, се разбира, имаме голема почит кон сите. Ова е предизвик на највисоко ниво, но ние ги имаме сите карактеристики да имаме добри перформанси и да победиме. Ние не сме тука да играме преку контри. Тие имаат голема контрола на топката и се многу организирани, и се обидуваат што повеќе да напаѓаат", додаде Сантош.

Лига на нации

Група 3 (Лига „А")

Табела:

1.Португалија 6 бодови
2.Италија 4
3.Полска 1

17. ноември
Италија-Португалија

20. ноември
Португалија-Полска

Најново во Меѓународен Фудбал