ПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ДВОЈКИ ЗА ПРВАТА ФАЗА ОД ЕЛИМИНАЦИИТЕ

Еве кој против кого во осминафинале и кога ќе играат

Дури сега почнува најинтересното на Мундијалот во Русија

објавено: 28 јуни 2018 - 22:11

По 48 одиграни мечеви на Светското првнство во Русија, познати се сите 16 репрезентации кои ќе ја продолжат битката за најзначајниот трофеј во најважната споредна работа на светот. Половина од учесниците се во осминафиналето, а половина на пат кон дома, откако не успеаа да ја поминат групната фаза. 

По жестокото темпо и ниту еден ден пауза, утре е ден за одмор од Мундијалот. Возбудувањата ќе продолжат в сабота со првите два осминафинални дуели. 

Првиот меч и веднаш пеколно дерби. Франција против Аргентина ќе играат на 30 јуни во 16 часот. Некогашните светски прваци во директна пресметка ќе решат кој ќе оди во четвртфиналето, а кој дома. Истиот ден ќе играат и Уругвај - Португалија, во меч каде директна битка ќе имаат Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Луиз Суарез (Барселона).

В недела ќе се играат дуелите: Шпанија - Русија и Хрватска Данска, додека за на 2 јули се закажани средбите Бразил - Мексико и Белгија - Јапонија. Последните патници за во четвртфиналето ќе се знаат на 3 јули, кога ќе играат Шведска - Швајцарија и Англија - Колумбија.

Најново во Меѓународен Фудбал