ФУДБАЛСКА ТРЕСКА

Еуфорија во Хрватска, Ребиќ доби свој град

Хрватска избори пласман во полуфиналето на Светското првенство во Русија каде за противник ќе ја има селекцијата на Англија.

објавено: 9 јули 2018 - 11:30

Во Хрватска владее вистинско фудбалско лудило кое не се памети од 1998 година и тогашната одлична генерација предводена од Шукер. Модриќ, Перишиќ, Ребиќ и останатите станаа идоли на својата нација, сите веруваат дека можат да направат чудо и на крајот да го подигнат победничкиот трофеј, што ќе биде неверојатен успех. 

Во Оребиќ отидоа чекор напред, на таблата која стои пред самиот град ставија фотографија од репрезентативецот Анте Ребиќ која ја покрива првата буква и Оребиќ стана Ребиќ.

Фотографијата за кратко време стана хит на социјалните мрежи, засега никој е против ова место да се вика Ребиќ.

 

Најново во Меѓународен Фудбал