САД, КАНАДА И МЕКСИКО СО ЗАЕДНИЧКА КАНДИДАТУРА

Дури 23 града сакаат да бидат домаќини на СП 2026

Ова треба да биде најмасовен Мундијал

објавено: 16 март 2018 - 14:40

Мексико, САД и Канада ја истакнаа заедничката кандидатура за организација на Светското првенство кое треба да биде во 2026 година. Според најавите, дури 23 града се во опција да бидат домаќини на најмасовниот Мундијал. 

Американците имаат 17 града како домаќини, а меѓу нив секако се и светските метрополи Њујорк и Лос Анџелес, како и главниот град Вашингтон. Во Канада се пријавија три града и тоа Торонто, Монтреал и Едмонтон, додека во Мексико тоа се Мексико Сити, Монтереј и  Гвадалахара. 

Светското првенство во 2026 година е првото на кое треба да учествуваат 48 репрезентации, а не како што е досегашниот формат со 32 селекции. Доколку ФИФА ја прифати оваа кандидатура, 60 мечеви ќе се играат во САД, а по 10 ќе има во Мексико и Канада. 

Светската федерација (ФИФА) на 13 јуни треба да одлучи кој ќе биде домаќин на планетарниот собир. Освен овие три земји кои се со заедничка кандидатура, како можен домаќин се пријави и Мароко. 

Најново во Меѓународен Фудбал