СПОРЕД ХРВАТСКИОТ СЕЛЕКТОР ОВА ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ЛУД НАТПРЕВАР

Далиќ и Перишиќ најавија спектакл на „Вембли“

Во пресрет на мечот од Лигата на нации пред медиумите се обратија Златко Далиќ и Иван Перишиќ.

објавено: 18 ноември 2018 - 11:30

Хрватската фудбалска репрезентација в недела до 15:00 часот ќе игра против Англија на „Вембли". Влогот е голем, бидејќи победникот ќе оди на завршниот турнир во ова натпреварување.

„Атмосферата е супер после уште големата победа. Не стартувавме добро, но сега сме на добар пат и в недела ќе зависи само од нас, одиме на победа", рече Перишиќ. Ова е трет дуел на „коцкестите" против Англија оваа година.

Селекторот Далиќ ги респектира Англичани, сфаќа дека ќе биде тешко, а така беше на последните два меча во Русија и Риека.

„Можеби сега се поопасни, овој пат се уште посвежи и помлади. Ќе биде тоа еден луд натпревар! Повеќе се грижам за нас, отколку за нив. Пред два дена имавме тежок дуел и се потрошивме. Знаеме кои се нашите квалитети, цврст и компактен блок. Нивната сила е долга топка, прекин и контри. Ако ја повториме играта како против Шпанија, тогаш нема од што да се плашиме. Повеќе се плашам од последиците од натпреварот против Шпанија", рече Далиќ.

Најново во Меѓународен Фудбал