ГЕРМАНЦИТЕ ДОБИЈА МНОГУ КРИТИКИ

ДАЛИ Е МОЖНО: И судијата побрз од Кимих во контрата на Мексико (Фото)

После минималниот пораз од Мексиканците на стартот од Мундијалот, бранителот на светската титула се најде под голем притисок.

објавено: 20 јуни 2018 - 11:30

Медиумите наоѓаат секаков начин да ги нападнат репрезентативците на Германија, сега пронајдоа факт дека судијата кој го водеше против Мексико во победничката контра бил побрз од Џошуа Кимих.

Ирвинг Лозано успеа на крајот да постигне гол, фактички беше на страната каде требаше да биде Кимих кој делуваше незаинтересирано во таа контра и на крајот испадна кобно за неговата селекција.

Лозано трчаше 29,09 километри на час, потоа главниот судија од Иран Алиреза Фагани 21,69 км/ч, а фудбалерот на Баерн Минхен 17,86 км/ч.

 

Најново во Меѓународен Фудбал