НАПРАВЕНО ВИСТИНСКО РЕМЕК ДЕЛО

ЧЕТИРИ СВЕТСКИ ТИТУЛИ: Победничките голови на Германија во анимирана уметност! (Видео)

Германската репрезентација се наоѓа на второто место на вечната листа, само една титула помалку од Бразил кој што е осамен на врвот.

објавено: 17 јуни 2018 - 16:20

Оваа година на Мундијалот во Русија ја бранат титулата од пред четири години, а одбраната ќе започне денеска со првиот натпревар од групата Ф против Мексико од 17:00 часот.

Најпрвин како Западна Германија во 1954 година за прв пат беше освоен тронот, откако во финалето со 3:2 беше совладана Унгарија во Берн, а победничкиот погодок беше дело на Ран во 84. мин.

Се чекаше 20 години по втор пат Западна Германија да го почувствува врвот, во 1974-та на сопствено тло во Минхен со 2:1 беше подобра од Холандија, а во 43. мин. херој беше Милер.

Во 1990 год. трет пат како Западна Германија на Олимпискиот стадион во Рим со 1:0 беше совладана Аргентина благодарение на Бреме кој беше прецизен од пенал во самиот финиш од средбата.

И последниот четврти трофеј во 2014-та на Мундијалот во Бразил, поточно во Рио де Жанеиро во 113. мин. од продолженијата херој во завршната битка против Аргентина беше Геце.

Сите четири победнички голови за светска титула на Германија низ историјата можете да ги погледнете во една прекрасна анимирана уметност. Уживајте:

 

Најново во Меѓународен Фудбал