СЕЛЕКТОРОТ НА „ЦРВЕНАТА ФУРИЈА“ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ

Четири ѕвезди на Шпанија останаа без Мундијалот во Русија

Најмногу настрадаа оние играчи кои се дел од англиската Премиерлига

објавено: 21 мај 2018 - 17:00

Селекторот на шпанската репрезентација, Хулен Лопетеги го објави списокот од 23 играч на кои ќе смета за претстојното Светско првенство во Русија. Помалку изненадувачки, на списокот немаше место за неколку докажани ѕвезди. 

Најмногу настрадаа оние играчи кои се дел од англиската Премиерлига. Ќе ги нема Алваро Мората, Сеск Фабрегас и Маркос Алонсо, сите тројца од Челзи, како и Ектор Белерин од Арсенал. Меѓу патниците за Русија ќе го нема ниту Серџи Роберто од Барселона. 

На планетарниот собир кој започнува следниот месец, Шпанија е во група со Португалија, Иран и Мароко. „Црвената фурија“ е меѓу оние селекции кои се фаворити дури и за највисок пласман.

Најново во Меѓународен Фудбал