ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ВО ПАРИЗ

Букмејкерите се сигурни: Лука Модриќ ја освојува „Златната топка“!

Лука Модриќ е најголемиот кандидат за освојување на „Златната топка" според букмејкерите пред церемонијата на „Франс Фудбал" денеска во Париз, Франција.

објавено: 3 декември 2018 - 09:30

Имаше огромно влијание врз игрите на „кралскиот" клуб, со Реал Мадрид дојде до трофејот во Лигата на шампионите, а со хрватската репрезентација беше финалист на Мундијалот во Русија, букмејкерските куќи во Европа го прават најголем фаворит за престижната награда со просечен коефициент 1,2.

Најголемиот конкурент на Модриќ за наградата ќе биде светскиот шампион со Франција, напаѓачот на Атлетико Мадрид во Лига Европа, Антоан Гризман. Тој има просечен коефициент од 4,0, а пак коефициентот на Кристијано Роналдо се движи помеѓу 7,5 и 26,00.

Од 2008 година признанието доаѓаше во рацете или на Роналдо или на Лионел Меси, и тоа по пет пати. Во 2007. година помеѓу португалската и аргентинската ѕвезда се најде Бразилецот Кака.

Најново во Меѓународен Фудбал