ДАЛИ „КАРИОКИТЕ“ ЌЕ СЕ ПАКУВААТ ЗА ДОМА?

Бразил само еднаш пред 80 години успеал да се врати по два гола негатива

Белгија на полувремето има предност од 2:0 во дуелот со петкратниот светски првак

објавено: 6 јули 2018 - 20:47

Белгија за нешто повеќе од половина час го шокираше Бразил и води со 2:0 во четвртфиналето на Светското првенство. фернандињо прво си даде автогол во 13 минута, а потоа Де Брујне со прецизен шут од околу 20 метри ја удвои предноста. 

Ако се знае дека Белгија е во низа од 23 средби без пораз (18 победи и 5 нерешени), може полека да станува јасно кој е противникот на Франција во полуфиналето.

Во продолжение на дуелот Бразил ќе има невозможна мисија и ќе треба да го повтори мечот од далечната 1938 година, кога прв и засега единствен пат успеал да надокнади негатива од два гола и на крајот да стигне до победа. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал