Кога секој би знаел да го цени минатото

Биелса донираше 2,5 милиони долари во Њувелс Олд Бојс

„Јас добив повеќе од клубот, отколку што можев да му дадам. Сега е време јас да го платам долгот. Ова не е подарок, туку мој долг кон клубот", изјавил Биелса.

објавено: 19 октомври 2018 - 21:00

Дека името на Марсело Биелса ќе го најдете во илјадници статии за чудно и несекојдневно однесување на тренинзите и натпреварите на тимовите кои ги води, можеби и не е „некоја“ вест. Но неговиот последен потег изнуди симпатии и кај оние кои едноставно го нарекуваат „лудак“.

Како што објавија аргентинските весници, актуелниот тренер на нашиот Алиоски во англиски Лидс Јунајтед деновиве донирал импознтна сума од 2,5 милиони долари на својот некогашен тим - Њувелс Олд Бојс. Клубот од Розарио, каде Биелса ја почна својата кариера, доби донација од тренерот на Лидс Ј. за изградба на нов тренинг центар. Истиот ќе биде готов во наредните неколку месеци.

„Јас добив повеќе од клубот, отколку што можев да му дадам. Сега е време јас да го платам долгот. Ова не е подарок, туку мој долг кон клубот“, изјавил Биелса за BBC.

Најново во Меѓународен Фудбал