ПОСЛЕ ИСТОРИСКИОТ ПЛАСМАН ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА ЕУРО 2020

„Бет365“ се шегува со Франција, Германија, Шпанија, Италија...за Косово! (ФОТО)

Вчера фудбалската репрезентација на Косово успеа да обезбеди настап во полуфиналето од Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2020. година.

објавено: 21 ноември 2018 - 10:00

Тоа го направија избраниците на швајцарскиот стратег Бернард Каландес кои во директен дуел убедливо го совладаа Азербејџан со резултат 4:0.

Противник на Косово во претпоследната пречка за учество на следниот континентален собир ќе биде Македонија која ќе биде домаќин.

Од сите страни доаѓаат честитки по повод успехот на Косово, а други се шегуваат на сметка на европските гиганти кои имаат неуспех во своите групи од Лигата на нации.

Така на пример, една од најреномираните светски обложувалници во своите објавување на „Твитер" пренесува како некои од големите национални репрезентации во Европа не успеаја да се најдат на првото место во своите групи особено од Лигата „А".

Франција, која е актуелен светски шампион заврши како второпласирана во групата 1 од Лигата „А", а Германија на последната трета позиција и испадна во понизок ранг. Потоа бронзената од последниот Мундијал, Белгија второпласирана во групата 2 од Лигата „А", а во групата 3 втора заврши Италија.

Шпанија освојувач на три европски титули и една светска заврши второпласирана во групата 4 од Лигата „А", додека светскиот вицешампион Хрватска заврши ја освои третата позиција и ќе игра во понизок ранг.

Најново во Меѓународен Фудбал