БЕЛГИСКИОТ ЧУВАР НА МРЕЖАТА Е МНОГУ ЛОША ФОРМА

Беше најдобар голман на СП, а сезонава Куртоа е очаен! (ФОТО)

Да, заслужено беше прогласен за најдобар голман на изминатиот Мундијал во Русија 2018, и заслужено можеби направи трансфер во Реал Мадрид. Но, по се изгледа се поставува прашањето дали сега се чувствува „неправда" спрема Навас...

објавено: 13 декември 2018 - 13:30

Иако за многумина ваквата преселба во „кралскиот" клуб изгледаше како нелогична со оглед на тоа што прв чувар на мрежата дотогаш беше Кејлор Навас, а на Костариканецот му препорачаа дека нема повеќе место за него на „Сантјаго Бернабеу".

Навас се пресели на клупата, Куртоа застана на голот, а Реал започна да реди порази. Секако, Белгиецот не може да биде виновен за секој погодок, бидејќи целиот тим игра слабо, но останува податокот дека Куртоа прима многу голови.

Од моментот кога стана член на „кралевите" дури на пет мечеви примаше три или повеќе голови вклучувајќи и натпреварите за клубот и репрезентацијата. По пет голови примаше од Барселона и репрезентацијата на Швајцарија, а по три од Севиља, Еибар и ЦСКА Москва.

Најново во Меѓународен Фудбал