САКА ДА ПИШЕ ИСТОРИЈА, А ЗА ТОА МУ ТРЕБААТ ЅВЕЗДИ

Бекам има добар план: Роналдо, Меси и Зидан на едно место

Интер Мајами од 2020 година ќе настапи на сцена во МЛС-лигата, зад него стои легендарниот фудбалер, Дејвид Бекам. 

објавено: 25 септември 2018 - 22:45

Дејвид Бекам со Интер Мајами сака да пише историја во МЛС-лигата, па токму затоа подготвен е да донесе познати европски ѕвезди.

„Сакам да го направам најдобриот тим во Америка. Поради тоа ќе мoра да ги донесеме најдобрите играчи“, изјави Бекам.

Според лондонски „Тајмс“ неговата најголема желба е Лионел Меси, кој по завршување на договорот со Барселона ќе има 33 години. Но, аргентинскиот фудбалер не е единствениот на списокот на ѕвезди, секако тој го сака и Кристијано Роналдо, а за тимот да биде целосен, на „кормилото“ треба да застане Зинедин Зидан.

Во 2020 година дел од фудбалерите ќе бидат во поодминати години, но кога би се појавиле сите во ист дрес во тој случај МЛС-лигата ќе добие вистински гламур, а Интер Мајами ќе ги полни стадионите каде и да се појави.

Амбициите на Бекам навистина се големи, но дали ќе успее да ги спроведе на дело, ќе покаже времето.

 

Најново во Меѓународен Фудбал