ВИСТИНСКИТЕ МАЈСТОРИ ЗА СЛОБОДНИ УДАРИ ВО ЕВРОПА

Барди, Меси, Ериксен...во една ретка статистика! (ФОТО+ВИДЕО)

Енис Барди и понатаму останува во центарот на вниманието кај љубителите на фудбалот кога станува збор за изведувањето на слободни удари во текот на натпреварите.

објавено: 10 декември 2018 - 18:15

Македонскиот фудбалер кој втора сезона ги брани боите на Леванте повторно се наоѓа во друштво со ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, во една од статистиките, но оваа многу ретко се објавува.

Имено, во продолжение погледнете кои се последните пет играчи со два голови од директни слободни удари во еден ист меч и тоа во рамките од Топ 5 најсилните европски лиги.

Барди имаше два прекрасни слободни удари годинава против Атлетик Билбао, а не така одамна Меси блесна со мајстории на средбата со Еспањол.

Најново во Меѓународен Фудбал