ЕГАЛ НА МЕЧОТ ДАНСКА-АВСТРАЛИЈА (1-1)

Атрактивен волеј на Ериксен, Јединак во пенал-серија! (Видео)

Започнаа натпреварите од второто коло во групата Ц на Светското првенство во Русија.

објавено: 21 јуни 2018 - 14:52

Во „Космос" Арената во Самара после првите 45. минути нерешено е на мечот помеѓу Данска и Австралија (1:1).

Уште во седмата минута поведоа данските репрезентативци со прекрасниот волеј гол на Кристиан Ериксен.
Тој придонесе во 14 од последните 20 голови на својата селекција, додека израмнувањето на „кенгурите" дојде во 38. мин. преку Јединак. Со рака во казнетиот простор на Данците играше Јусуф Поулсен.

Ова е втор погодок на Мундијалот за Миле Јединак, откако претходно стрелаше против Франција исто така од белата точка.

За 33-годишниот играч ова е веќе трет по ред реализиран пенал, сигурен беше и пред четири години против Холандија.

Најново во Меѓународен Фудбал