ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА ВАКВКО НЕШТО

Аргентинците ќе имаат „магична“ формација за СП

Селекторот на „гаучосите“ откри дека неговата селекција на теренот ќе биде поставена во формација 2-3-3-2

објавено: 23 мај 2018 - 16:40

Аргентина под водство на Лионел Меси можеби ја има последната шанса да се израдува на златото на Светско првенство. „Гаучосите“ пред четири години загубија во финалето од Германија, а сега се подготвени да одат чекор понапред. 

Селекторот Жорге Сампаоли вели дека има подготвено специјална тактика и формација за Мундијалот во Русија. 

„Имам јасна визија. Ќе играме во формација 2-3-3-2. Таа формација ќе ни овозможи да играме на највисоко ниво“, вели Сампаоли. 

Аргентина на последните две пријателски средби против Италија и Шпанија играше во формација 4-2-3-1, додека во јужноамериканските квалификации често знаеја да играат во формација со тројца играчи во последната одбранбена линија. 

Лоша вест за Аргентинците е тоа што се повреди нивниот прв голман, Серхио Ромеро и тој ќе го пропушти Мундијалот. 

Најново во Меѓународен Фудбал