ЗАТОА „АЅУРИТЕ“ ЌЕ ГИ НЕМА НА СП ВО РУСИЈА

Аргентина и без Меси и Агуеро е пресилна за Италија

„Гаучосите“ со два гола во второто полувреме го скршија отпорот на противникот, кој нема да биде дел од Мундијалот во Русија

објавено: 23 март 2018 - 22:36

Лионел Меси и Серхио Агуеро останаа на клупата за резервни играчи, но и тоа не беше проблем за Аргентина да слави во дуелот против Италија, на пријателска средба. Јужноамериканскиот гигант во последните 15 минути кои ги постигнаа Банега и Ланцини, стигнаа до триумф во контролниот меч против четирикратниот светски првак.

И вториот јужноамерикански фаворит за златото на планетарнито собир, селекцијата на Бразил немаше проблеми и тоа против домаќинот Русија, победи со 3:0. 

Во второто големо дрби вечерва, Германија и Шпанија одиграа 1:1. „Црвената фурија“ поведе со голот на Родриго во 6 минута, а актуелниот светски првак израмни во 35 минута преку Милер. 

Резултати од денешните пријателски средби: Мали - Јапонија 1:1, Азербејџан - Белорусија 0:1, Кипар - Црна Гора 0:0, Финска - Македонија 0:0, Русија - Бразил 0:3, Сенегал - Узбекистан 1:1, Бугарија - БиХ 0:1, Норвешка - Австралија 4:1, Турција - Р. Ирска 1:0, Грција - Швајцарија 0:1, Унгарија - Казакстан 2:3, Тунис - Иран 1:0, Украина - С. Арабија 1:1, Србија - Мароко 1:2, Аргентина - Италија 2:0, Австрија - Словенија 3:0, Германија - Шпанија 1:1, Полска - Нигерија 0:1, Португалија - Египет 2:1, Шкотска - Костарика 0:1, Холандија - Англија 0:1. 

Најново во Меѓународен Фудбал