„ГАУЧОСИТЕ“ ИМАА ЛЕСНА ЗАДАЧА

Аргентина „гази“ и без Меси! (ВИДЕО)

Денеска во пријателски натпревар одигран во Ријад репрезентацијата на Аргентина со убедливи 4:0 ја совлада селекцијата на Ирак.

објавено: 11 октомври 2018 - 22:01

За „гаучосите" не настапи првата ѕвезда Лионел Меси, но затоа селекторот Скалони го имаше на располагање Пауло Дибала кој не се запиша во листата на стрелците, но имаше една асистенција.

После првото полувреме водеа Аргентинците (1:0) благодарение на погодокот на Мартинез во 18. минута после асистенцијата на Акуња.

Дибала асистираше при вториот погодок постигнат во 53. минута преку Перејра, потоа третиот гол беше дел на Пецела (82.). Конечниот епилог го постави фудбалерот на Бенфика Франко Серви во судиското надополнување.

Најново во Меѓународен Фудбал