ДЕФАНЗИВЕЦОТ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ

Смолинг останува на „Олд Трафорд“ до 2022 година

Англискиот дефанзивец, Крис Смолинг потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.

објавено: 15 декември 2018 - 20:22

Во изминатиот период имаше шпекулации дека Крис Смолинг ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед по осум години. Но, денеска стигна демант од „Олд Трафорд“, дефанзивецот ја продолжи соработката. потпиша нов договор со важност до 2022 година. 

„Среќен сум што Крис потпиша нов договор. Тој е еден од најискусните играчи и со години е во редовите на Јунајтед", изјави Жозе Мурињо по официјализацијата на новиот договор.

 

Најново во Меѓународен Фудбал