Ова му успеало само уште на Јунајтед

Сити оствари приходи од над 500 милиони фунти!

Во Европа слично достигнување постигнале само уште Реал (М), Барселона и Баерн. Во Англија тоа му успеа само на Манчестер Јунајтед пред две сезони.

објавено: 14 септември 2018 - 13:45

Манчестер сити стана само вториот англиски клуб кој објавил рекордни приходи од над 500 милиони фунти. Шампионот на Англија остварил точно 500,5 милиони фунти приход за сезоната 2017-2018 година.

Бројките покажуваат раст од 44% во текот на изминатите пет години. Досега, единствениот клуб на Премиер лигата, кој го мина приходот од 500 милиони фунти годишно, беше Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи" забележаа 581 милиони фунти како приход за 2016-2017 година.

Во Европа слично достигнување постигнале само уште Реал (М), Барселона и Баерн.

Ваквиот раст доаѓа во време кога се одбележува 10-годишнината од сопствеништвото на шеикот Мансур врз тимот од Манчестер. Сопственикот на клубот во овој период од 10 години „слеал" во касата на клубот близу 1,45 милијарди фунти. За споредба, Роман Абрамович инвестираше 1,17 милијарди фунти во Челзи од неговото доаѓање на „Стемфорд Бриџ" во 2003 година.

Најново во Меѓународен Фудбал