ХЕТ-ТРИК НА ЕГИПЌАНЕЦОТ ПРОТИВ БОРНМУТ (0-4)

Салах шоу на „Виталити“, Ливерпул на врвот во Премиерлигата! (ФОТО+ВИДЕО)

Се одигра првиот натпревар од саботната програма на 16. коло во најсилното англиско фудбалско првенство, на „Виталити" стадионот Ливерпул како гостин триумфираше кај Борнмут со 0:4.

објавено: 8 декември 2018 - 15:35

Во 25. минута една убава комбинација на додавања во која учествуваше Салах, домашниот чувар на мрежата Беговиќ успеа да одбрани за момент, но топката се одби до Египќанецот кој донесе водство за фудбалерите на Клоп.

На стартот од второто полувреме (48. мин.), Салах одново се запиша во листата на стрелците, му асистираше Фирмино, а противничката одбрана никако не успеа да го запре налетот на египетската ѕвезда.

Уште поголемо зголемување на предноста се случи во 68. минута после еден би рекол „атрактивен“ автогол од страна на Кук, а конечниот епилог го постави Салах во 77. мин. кога едноставно си играше како сака со дефанзивните фудбалери на Борнмут, голманот Беговиќ неколку пати беше издриблан и на Босанецот крајот мораше и по четврти пати да ја вади топката од својата мрежа.

Салах е најбрзиот во историјата на Ливерпул кој стигнал до 40 голови, а таквиот учинок го забележа во 52. одиграни натпревари.

На оваа Топ 5 листа како второпласиран се наоѓа Фернандо Торес кој постигна 40 голови, но после 60 мечеви за „црвените", следуваат Роби Фаулер (77), Мајкл Овен (77) и Луис Суарез (78).

Ова е вкупно 13. триумф, четврти по ред за Редси за моментно прво место на табелата во Премиерлигата со 42 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити кој својот меч треба да го игра денеска во дербито на гостувањето кај Челзи на „Стемфорд Бриџ" кој ќе започне од 18:30 часот.

Да додадеме уште еден интересен податок, Салах досега оваа сезона има 10 голови, додека голманот Алисон 10 меча не дозволува да биде затресена неговата мрежа. И двајцата дојдоа на „Енфилд" од редовите на Рома.

Премиерлига, 16. коло

Борнмут-Ливерпул 0:4

16:00 часот
Арсенал-Хадерсфилд
Барнли-Брајтон
Кардиф-Саутемптон
Манчестер Јунајтед-Фулам
Вест Хем-Кристал Палас

18:30 часот
Челзи-Манчестер Сити

20:45 часот
Лестер-Тотенхем

Табела:

1.Ливерпул 42 бодови
2.Манчестер Сити 41
3.Тотенхем 33
4.Челзи 31
5.Арсенал 31
--

Најново во Меѓународен Фудбал