ЛИВЕРПУЛ ПОДГОТВИЛ НАГРАДА

Роџерс го чека нов договор и 60 милиони фунти за засилувања, ако се пласира во ЛШ

објавено: 9 март 2014 - 10:30

Добрата сезона на англискиот премиерлигаш Ливерпул ги развесели челниците на „Енфилд роуд“, па тие веќе најавуваат дека летово нема да штедат и ќе го одврзат ќесето за да направат уште посилен тим.

Англискиот весник „мејл оф Сандеј“ објави дека сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри е исклучително задоволен од менаџерот Брендан Роџерс, па веже решил да му даде 60 милиони фунти , а патем и да го задржи уште три години.

Весникот потенцира дека според извори блиски на сопственикот на тимот од „Енфилд роуд“, веќе е направен план за засилувања летово, затоа што се очекува идната сезона, „црвените“ да играат на четири фронта, на кои би се бореле за исто толку трофеи. Сепак, за остварување на сето ова, би било оствариливо само ако се обезбеди пласман во Лигата на шамионите.

Дури и списокот за засилувања е веќе познат. Роџерс сака два стопери, еден лев бек, еден креативец во средниот ред, крило и резервен напаѓач. Повеќе од јасно е дека примарни цели ќе бидат Јевен Конопљанка од Днипро, Николас Гаитан од Бенфика, Рикардо Родригес и Стивен Кулкер од Кардиф.

 

Најново во Меѓународен Фудбал